Земјотрес од 7,7 степени по Рихтер го погоди Мјанмар

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS).



Потресите беа почувствувани во Кина и Тајланд, а снимките на социјалните мрежи покажуваат како луѓе евакуираат згради во Бангкок и се собираат на улиците.

Кинескиот центар за сеизмолошка мрежа (ЦЕНЦ) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,9 степени, според новинската агенција Ксинхуа, додека ЦЕНЦ соопшти на социјалните мрежи дека „потреси се почувствувани и во Јунан“.

Во моментов нема извештаи за последиците од земјотресот во земјата, која е среде граѓанска војна.

Според американскиот геолошки институт, епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има близу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, областа беше погодена од втор силен последователен потрес со јачина од 6,4 степени.