За градоначалникот на Тетово Билал Касами е „болно прашањето за продажба на „Монополот“. Тој ги спомна и фабриката „Тетекс“, „Шик Јелак“, и „Интерпромет“, кои „со владина одлука се продале по симболична цена“. За „Монополот“ Касами вели дека приватизацијата завршила во 2014 година и и оти „не можел да ја спречи“. Ова го објави ТВ 21.
Натаму телевизијата наведува: „Тука ги имам решенијата за приватизација на стотина хектари земјиште, каде што голем дел се префрлаат на колективни станбени простори, а во рамките на ова, кога целиот овој процес се одвиваше во рамки на приватизацијата, делот што не е реализиран преку приватизација остана со формирање на имотот, што е законска обврска, исто така врз основа на регулативата одобрена многу порано од претходната влада многу порано за што општина Тетово немаше можност да постапи поинаку. “ – посочи Билал Касами.
Градоначалникот на Тетово призна дека со одлука на советот на општината земјиштето е пренаменето од „За лесна индустрија“ во станбена зона.





