Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека одлучил да воведе царина од 25 отсто за сите автомобили произведени во странство, пренесе АФП.
Според Трамп, „ова ќе доведе до нашиот економски раст“, а исто така и до отворање на фабрики на странски производители на автомобили во САД.
Тој прецизира дека одлуката се однесува и за мали камиони.
Американските медиуми забележуваат дека воведувањето нови царини за автомобилите треба да стапи на сила на 2 април.
Њујорк тајмс забележува дека околу половина од автомобилите што се продаваат во САД се произведени во други земји.
Канада, ЕУ и Јапонија остро реагираа на најавата на Трамп.
Трамп, исто така, најави дека во иднина ќе воведе царини за фармацевтски производи.
Тој потсети дека на 2 април планира да воведе реципрочни тарифи за многу увезени стоки.





