По компромитирачка слика Фрчковски Јуниор се повлекол од партиската директорска функција во СДСМ

По компромитирачка слика на која се гледа лице што личи на него Јон Фрчковски син на екс министерот Љубомир Фрчкоски се повлекол од партиската директорска функција.



Фрчкоски во пост за своите пријатели на Фејсбук признава грешки од минатото што индиректно може да значи дека признава дека компромитирачка фотографија е автентична.

Фрчкоски јуниор беше директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ од каде се повлекува, како што вели за да ја запре бајката на ВМРО-ДПМНЕ против него.

На фотографијата се гледа како лице кое личи на него користи кокаин на работна маса во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор каде Фрчкоски беше директор на правната служба.

Во објавата тој вели дека не се гордее со грешките од минатото ама нема да биде товар на СДСМ.