При контрола на 122 објекти (барови и дискотеки.) во Бугарија констатирани се прекршоци кај 42, а преземени се соодветни мерки за отстранување на прекршоците.
Ова за News.bg го изјави директорот на Генералната дирекција „Противпожарна безбедност и заштита на населението“, главниот комесар Александар Џартов, за мерките на државата за безбедноста на ноќните клубови во Бугарија по трагичниот инцидент во Кочани во кој загинаа 59 лица.
Преземените мерки нагласуваат што треба да направи секој сопственик на проверените објекти за да бидат исполнети сите барања за заштита од пожари.
Во 13 случаи на прегледаните дискотеки изречени се и управни санкции.
Главниот комесар Џартов не сакал да коментира за трагичниот инцидент во Кочани, но смета дека за да се случат вакви несреќи најчесто има прекршувања на барањата за заштита од пожари, од кои некои се организациски, а други од градежно-технички карактер, но надлежните органи мора да утврдат кои точно и кои се причините за несреќата.






