Јован, кој спаси 21 живот во пожарот во Кочани со аплауз пречекан од соучениците (ВИДЕО)

Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома.

Тој денеска во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница беше пречекан со аплауз, а видео од пречекот беше споделено на Фејсбук.



Министерот Арбен Таравари на социјалните мрежи ја сподели ввеста дека момчето-херој се враќа дома.

Таравари рече дека Јован не е само херој на Кочани, тој е херој на целата наша држава.

„Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи еден човек со големо срце. Добредојде дома, Јован. Твојата приказна ќе живее вечно, во животите што ги спаси, во семејствата што повторно се заедно и во срцата на секој граѓанин што сега го знае твоето име. Во име на сите граѓани, јас ќе кажам едно нешто, јасно и гласно: Никогаш нема да заборавиме“ .