Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува денес на поставување камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани, во Општина Бутел. Паркот ќе се протега на површина од 10 илјади квадратни метри. Новиот парк ќе има зелена површина од 6 илјади квадратни метри, плоштад од 4 илјади квадратни метри и големо детско игралиште.
Проектот е вреден 20 милиони денари, кои се обезбедени од Владата.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
Home Македонија Премиерот Мицкоски денес на полагање камен-темелник на мега-паркот од 10 илјади квадратни...





