„Вашето однесување и вашите реакции од последните денови најдобро објаснуваат како вие од ДУИ сте ја злоупотребувале власта 20 години: за вас не се важни бројот на жртвите и природата на инцидентите, ниту причините за трагедиите и болката на народот! За сето време додека бевте вие на власт си ги правевте само вашите ќефови! Сега кога оваа реалност се смени, се сетивте да станете патриоти, хуманисти, правници и големи Албанци. Срамота!“ – објави на фејсбук пратеничката од коалицијата Вреди Саранда Имери, одговарајќи на реакциите на ДУИ за апсењето на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Ова го пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Агенцијата ја пренесува објавата на Саранда Имери: Додека беа убивани поранешните војници на УЧК во наместени инциденти кога бевте вие од ДУИ на власт, немаше проблеми – на митинзите викавте „УЧК!“ и оти народот ќе заборави! Додека гореа луѓето во болниците и во јавниот превоз, вие бевте на функција, ама не си ги расипувавте работите – вие ги контролиравте судовите тогаш!
Кога се превртуваа автобусите, кои се движеа со дефекти, и кога гинеа патници, вие си седевте во функционерските фотелји и за вас не се случуваше ништо – власта ги амортизираше потресите! Но, кога се апсат осомничените за пожарот во дискотеката, а кога вие од ДУИ вие сте во опозиција, е, тогаш го вклучувате алармот – божем, ова е политички прогон!
Вашето однесување и реакциите од последните денови најдобро објаснуваат како сте ја злоупотребувале власта 20 години: за вас не се важни бројот на жртвите, природата на инцидентите, ниту причините за трагедиите и болката на народот! За сето време додека бевте вие на власт си ги правевте само вашите ќефови! Сега кога оваа реалност се смени, се сетивте да станете патриоти, хуманисти, правници и големи Албанци. Срамота!“ – изреагира пратеничката Саранда Имери од Вреди кон ДУИ.





