Член на култен балкански бенд стравува за Македонија: Политички лешинари ќе се обидат да ја дестабилизираат

Членот на култен балкански бенд Идоли докторот Небојша Крстиќ стравува дека политичките лешинари ќе се обидат да ја дестабилизираат и Македонија.



„Драги пријатели од Македонија, ние во Србија минуваме низ пекол заради лешинарење со кое политички се злоупотребуваат жртвите од Нови Сад“, порачува Крстиќ во јавна објава во која анализира дека
„Политичките некрофили“ и најтешките мигови на болка ги користат за сопствени цели.

,,Без трошка емоции, сочувство, емпатија, без чувство за туѓата трагедија која е и наша заедничка, го користат моментот истата од црна да ја претворат во „шарена“.

Не можејќи да се помират со легалниот изборен пораз или од страв да не бидат фатени дека тие се дел од р’ѓата која сосе нас го пеплоса системот, во обидот да го искористат моментот се користат со сите познати методи на претворање на туѓата болка во своја корист. На прелевање на загубата на најмилите во сопствена политичка добивка… На крвави политички поени, преку организирање собири, бунт и протести, посочување фиктивни виновници, извртување на стварноста, обиди насилно да се сруши власта, доведувајќи ја до врвно непрепознавање суштината на измамата.

Сценарио кое е веќе видено на многу места, меѓудругото и еднаш кај нас, но и во соседна Србија. Поучени од нивното искуство некои од познатите српски јавни личности предупредуваат на истото сценарио, на „обоената“ приказана, која од кај нив може лесно да се прелее или повтори кај нас”, порачува Крстиќ .

Во својлт статус на социјалните Небојша Крстиќ, некогашниот член на култната белградска група „Идоли“, едни од предводниците на новиот бран од почетокот на 80-ите вели дека пеколот низ кој минува Србија, не смее да се повтори во Македонија.

Политичките „лешинари од обоената“ да не ја прелетаат границата и кај нас, за по втор пат да ја започнат „шарената“ и на ист начин да се обидат да ја дестабилизираат Македонија, е пораката од Крстиќ.