Две лица се починати утрово по пукање кое се случило во скопската населба Волково.
Според неофицијални информации, кираџија го убил сопственикот, а потоа си го одзел животот.
Во настанот повредено е и малолетен син на сопственикот, кој е пренесен во болница.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат случајот.
„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР






