Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција изјави дека утрово се разбудил со 50 пораки со прашања дали ќе поднес оставка.
„Фокусиран сум на работата во министерството за здравство“, порача Таравари.
„Односите меѓу партнерите во коалицијата се добри, стабилни и јас продолжувам и на 1-ви, и на 2-ри и на 3-ти и на 5-ти април да ја вршам функцијата министер за здравство. Повеќе сум фокусиран на работите кои што се важни за пациентите. Пред се и над се, за мене како министер за здравство е важна добрата состојба на овие пациенти од Кочани, меѓутоа и генерално на сите пациенти во државата“, изјави министерот.






