Ова го одлучија жителите на француската престолнина на референдумот одржан на 23 март, пренесува Ројтерс.
Предлогот го поддржаа 65,96 отсто од гласачите. Останатите 34,04 отсто беа против. Само 4,06% од парижаните со право на глас го искористиле своето право на глас.
Тоа беше трет ваков референдум во Париз, по гласањето во 2023 година со кое беше одобрена забраната за е-скутери и одлуката од 2024 година и до тројно зголемување на таксите за паркирање за големи теренци.
Како резултат на референдумот, во Париз ќе бидат отстранети уште 10.000 паркинг места, покрај отстранетите 10.000 од 2020 година.
Податоците од градското собрание на Париз покажуваат дека сообраќајот со автомобили во градот е повеќе од преполовен откако социјалистите ја презедоа власта во главниот град на почетокот на векот.
Со дополнителните 500 пешачки улици, вкупниот број на овие т.н „зелени бели дробови“ ќе достигнат речиси 700, што е нешто повеќе од една десетина од улиците во главниот град на Франција.






