Денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети општината Радовиш, каде што ќе присуствува на настанот по повод возобновувањето на претворањето на постојната стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј.
“Објектот, кој стоеше триесет години запуштен и запоставен, како нем сведок на транзицијата, сега повторно ќе биде ставен во функција.” – информираат од Владата, дополнувајќи дека за остварување на проектот за реновирање и пренамена на стоковната куќа во Радовиш се потрошени 223,075.612 денари.
Планирано е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
Извор: Македонска информативна агенција МИА





