Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул

Откако беше приведен, турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу е „привремено“ суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.



Пред да биде номиниран за претседателски кандидат на опозициската Републиканска народна партија, Имамоглу беше приведен, по што започнаа серија протести низ повеќе турски градови.

Имамоглу е главен противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите во 2028 година, а формално беше уапсен денеска откако судот му одреди истражен притвор под обвинение за корупција.

Случајот предизвика демонстрации во поголемите турски градови и ја зголеми загриженоста за демократско назадување во Турција.

Ако Имамоглу биде осуден, турскиот закон им дозволува на властите да го заменат на градоналничкото место со свој функционер.

Јавното обвинителство во Истанбул ги обвини Екрем Имамоглу и уште неколку општински службеници за формирање и водење криминална организација, поткуп, местење понуди и незаконско стекнување лични податоци.

Заедно со уште тројца високи функционери тој е обвинет и за помагање на терористичка организација.

вото остануваат клучни за билатералните односи со Анкара, како и за односите меѓу ЕУ и Турција.