Опсесивноста со зголемен профит ги втурнува дел од инвеститорите да не размислуваат за ризиците и последиците од нивните постапки, а тука им се придружуваат и сите оние кои треба да го спречат таквиот пристап, односно да го корегираат, вели деканот на Градежниот Факултет, Горан Марковски, во интервју за Радио слободна Европа.
На прашањето колку повикот на граѓанските собири „ако се е по закон, немаше да има крв“ ги опишува проблемите и во градежниот сектор, Марковски со потвврден одговор?
„Да, целосно ги опишува. Ако се било направено согласно законите, прописите и стандардите кои што се во областа на градежништвото, особено оние кои што се поврзани со заштита од пожари и експлозии апсолутно крв ќе немало.
Односно, дури и да се случил пожар, во тој случај би постоел многу мал ризик, последиците од него би биле незначителни.
Така што пораката која што ја споменавте, мислам дека најкусо и можеби најточно ги опишува причините за оваа голема трагедија која што не снајде.
На прашањето зашто се заобиколуваат правилата, Марковски вели:
Најверојатно се работи за една опсесивност по што поголем профит и водејќи се потенцијалните инвеститори од тоа начело, жртвуваат, ги сметнуваат од ум ризиците и последиците кои може да настанат од таквиот пристап.
Тука им се придружуваат и сите оние кои треба да го спречат таквиот пристап, односно да го коригират“ вели Марковски.






