Шест пациенти во критична состојба

Од 115 пациенти кои се лекуваат во странство, шест пациенти се во критична состојба, додека другите се во стабилна состојба. Од понеделник се очекува пет пациенти да се вратат во земјата. Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека пациентите кои ќе се вратат прво ќе бидат примени во болниците во земјава, а потоа пуштени дома.



  • Да се надеваме дека таа бројка нема да се покачи со евентуални компликации кај другите пациенти. Некои од пациетните веќе планираме идната недела веќе да се враќаат, тоа е се бараме до сега, според информаците што ги добиваме, пет од вкупно 115 пациенти идната недела ќе се вратат ќе бидат прифатени прво во трите болници во Скопје од каде што е испратен и по тријажа ќе се констатира дали ќе треба да бидат уште во болница или можеме да ги пуштиме веднаш дома. Потешките пациенти штоп се -двајца се во Љубљана во клиничкиот центар и четири во Воено-медицинската академија во Белград. Тие се пациенти кои се во моментов најтешки“, рече Таравари.

Пациентите кои ќе се враќаат ќе бидат прифатени во болниците од каде се упатени на лекување во странство, а потоа според проценката на лекарите прераспределени по другите клиники и болници. За оние за кои ќе треба подолготрајна рехабилитација, како што информираше Таравари, се размислувава да бидат испратени и во другите градови или во некој центар којшто не е искористен за да можат да се направат екипи кои ќе можат да ги третираат подолгорочно.

  • Пациентите со најтешка состојба се двајца во клиничкиот центар во Љубљана, а 4 на Воено-медицинската академија во Белград. Овие пациенти се во најтешка состојба… Планирано е 1 испис од болницата од Италија, од Шпанија 2 исписа, од Шведска еден испи и 2 исписа од Австрија. Овие се планирани, но не се дефинитивни, повторно во понеделник ќе ве известиме… “, рече Арбен Таравари.

Состојбата на 54-те пациенти кои се лекуваат во Скопје е исто така стабилна и од понеделник ќе има нови испусти од болниците. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски рече дека оваа битка ќе биде долга и нема да заврши за една или две недели.