Ексклузивно: Балканот е место каде Британска влада сака да ги праќа сите одбиени баратели на азил од Африка, Блиски Исток …

Балканот е местото каде британска влада сака да ги праќа одбиените баратели на азил во оваа земја, тврдат дипломатски извори во регионот.



Изворите велат во игра се Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Србија од кои владата во Лондон ќе бара да подготват центри за азил каде ќе се враќаат сите баратели на азил во Велика Британија кои ќе бидат одбиени.

Изворите тврдат дека не се работи за одбиени баратели на азил од регионот туку за депортација на сите баратели на азил кои нема да добијат легална заштита во Британија.

Тоа значи дека ако Лондон ги убеди Скопје, Тирана, Белград, Приштина, Срабево и Белград илјадници одбиени баратели на азил од Африка, Блискиот исток, Индија и други јаревви на светот би биле депортирани во Македонија и регионот.

Според изворите за отворање и функционирање на овие центри за азил секоја земја би добила сериозна сума пари.

Со некои од земјите веќе е разговарано за соработка на оваа тема а со некои допрва треба да се разговара тврдат изворите кои веќе предупредиле дека Балканските земји ќе пружат сериозен отпор на ваквата идеја на Лондон и дека е речиси невозможно регионалните влади да прифатат прием на туѓи азиланти на своја територија.

Според изворите досега не е разговарано со македонските власти за идејата која според анализите веднаш ќе биде одбиена.

Во 1999 година за време на Косовската криза Македонија прими огромен број бегалци од Косово по што беше предмет на безбесноана дестабилизација а меѓународната заедница никогаш не компензираше за тоа што Македонија го направи во бегалската криза.