Просечната нето плата во Македонија во јануари 43.050 денари

Просечната нето плата во јануари во Македонија изнесува 43.050 денари (699 евра) и е повисока за 8,9 отсто во однос на јануари минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).



Зголемувањето се должи на просечната плата исплатена во секторите уметност, забава и рекреација, административни услуги и помошни дејности и образование.

Намалување на просечната нето плата исплатена на вработените во однос на претходниот месец е забележано во градежништвото, преработувачката индустрија и финансискиот и осигурителниот сектор.

Просечната бруто месечна плата за вработените во јануари достигна 64.697 денари (1.051 евро).