Задушување е причината за смртта на сите 59 жртви во несреќата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Обдукциите на сите починати биле завршени за краток период. Кај сите 59 жртви при идентификацијата биле користени две методи, ДНК анализа и дактилоскопија. Во тек се токсиколошките анализи за да се утврди што било присутно во крвта на загинатите, иако според макроскопскиот наод за време на обдукциите, кај најголем број од нив имало јаглерод моноксид, рече денеска раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков
Од обдуцираните 59 лица 70 отсто биле меѓу 16 и 29 години, од починатите 16 се жени, а 43 се мажи………Кај дел од нив се пронајдени изгореници од прв и втор степен, кај тројца имаше изгореници од четврт степен, меѓутоа причина за смрт е задушување. Доколку прашувате дали имало повреди од пад на некои греди – такви повреди нема. Меѓутоа, повреди и скршеници на ребра и тоа што се вика задушување заради притисок што се случува при стампедо односно компресивна асфиксија има кај четворица“, вели проф. д-р Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина.
Како што истакна Станков, во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите, но за токсиколошките анализи можеби ќе биде потребно повеќе време. Ќе се прават и патохистолошки анализи и се што ќе биде сработено, Институтот за судска медицина ќе достави до Обвинителството ќе нареди вештачење.
Според објаснувањето на докторите, обдукциите се клучни за да излезе правдата на виделина и да има комплетен судски процес. Тимот бил екипиран за еден час, обдукциите започнале во вечерните часови на 16-ти март, а комплетно со потврдена идентификација завршиле на 19-ти март.
-Обдукциите се вид собирање материјални докази зашто со нив се одредува причината на смртта, дали постојат други повреди идали прчината за смртта е поврзана со настанот. За а излезе птавдината на виделина и за да иумаме комплетен судски процес, но ид а се покажеме како правна, нормалнма држава, мора да се почитуваат одредени правуила, ние тие правила ги почитуваме, не може да вршиме идентификација и да одредуваме причина за смрт само со преглед, мора да се направи комплетна обдукција и позитивна идентификација за да излеземе пред судот каде ќе имаме многу прашање за да може да ги одговориме, објасни докторот.
На прес-конференцијата беше и деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ. Тој и Станков изразија сочувство до семејствата и посакаа побрзо закрепнување на повредените кои се хоспитализирани.






