Голем пожар вечерва избувна во Струмица покрај градските гробишта, јавија локалните медиуми.
Пожарот избувнал во реонот понаселбата меѓу Софилар, градските гробишта и се движи кон Баница. Гори на три страни. Пожарот брзо се ширел од силниот ветер. Засега нема информации како избувнал пожарот.
https://www.facebook.com/share/p/1Ue3BurfWK/?mibextid=wwXIfr
Од Противпожарната единица од Струмица ја потврдија информацијата но за причината и деталите рекоа дека ќе ги даде портпаролот во текот на утрешниот ден.
https://www.facebook.com/share/v/1BUJWzK4dh/?mibextid=wwXIfr
Според достапните информации, сите противпожарни екипи од Струмица се на терен, а напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови.






