Лина Ѓорческа ја продолжи својата серија победи над подобро рангирани тенисерки и во четвртфиналето на турнирот „Браник опен 2025“ во Марибор, кој се игра на тврда подлога и за награден фонд од 75 илјади американски долари.
Најдобрата македонска тенисерка, 294. на ВТА-листата во сингл, славеше со 7-6 (5), 6-3 против Марјам Болкваѕе (216.) од Грузија.
Противничка на 30-годишната тетовка утре од 10 часот ќе ѝ биде втората носителка Антонија Ружиќ (132.) од Хрватска.






