Мико: Останувам неизмерно горд на Македонија и на Македонците, иако тагувам со вас за загубата на многу млади животи

Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, сочувствува со Македонците за трагедијата во Кочани.



„Останувам неизмерно горд на Македонија и на Македонците, и покрај тоа што тагувам со вас за загубата на толку многу млади животи и се молам за мир Божји за живите и за исцелување на ранетите. Во тој ноќен клуб има многу приказни за херои кои спасиле туѓи животи, а ги загубиле своите, и нивната жртва треба да ни биде потсетник на сите нас дека го имаме во себе и со помош на Бога да го правиме она што е правилно, добро и потребно. Тоа е мојата молитва за Македонија и моите македонски пријатели и семејство“, порача Мико на Икс.