Сејдиу: Кога ДУИ владееше за модуларната болница, „Дурмотурс“ одговараа оние, што не можеа да се бранат, a сега за Кочани правдата зборува!

„Блерим Сејдиу, претседателот на општина Желино, во тетовскиот регион, реагираше на трагедијата во Кочан, правејќи споредби со трагедиите од минатото кога случаите се затвораа со обвинување на оние, кои не можеа да се одбранат. ‘Но сега за трагедијата за Кочани конечно правдата зборува!’ – нагласува Сејдиу“. Ова го напиша информативниот портал на албански јазик „Алфакс“, пренесувајќи ја објавата на Сејдиу во својата информација со наслов „Сејдиу: Кога ДУИ беше на власт вината паѓаше врз оние, што не можеа да се одбранат, но сега правдата зборува!“.



Порталот објави: „Кога се случи трагедијата на ‘Беса транс’ возачот беше обвинет. Кога се случи катастрофата на ‘Дурмо Турс’ повторно возачот беше прогласен како одговорен. Во модуларната болница во Тетово, каде што пламените јазици однесоа невини животи, одговорноста беше префрлена врз кабел! Никој не беше уапсен. Никој не одговараше. Оние, кои ги загубија животите, беа заборавени и останаа во сенка, а вистинските виновници продолжија како да не се случило ништо.“ – напиша на општествената мрежа Блерим Сејдиу.

Натаму тој дополни дека се забележува промена од периодот кога ДУИ владееше и денес. „Но, денеска, по трагедијата во Кочани, има најмалку 20 уапсени! Меѓу нив поранешни градоначалници, кои претходно никој не ги гибнал. Промената е јасна: кога ДУИ беше на власт вината паѓаше врз оние, што не можеа да се одбранат работниците, возачите, каблите, а сега има вистинска  одговорност! Конечно правдата зборува!“ – заклучи Блерим Сејдиу, претседателот на општина Желино, реагирајќи на трагедијата во Кочани.