Сопругата на Бујар Османи сподели статус за Бектеши: Молчиме затоа што очекуваме институциите да си ја завршат работатата

Валбона Османи, сопруга на екс министерот за надворешни работи од ДУИ Бујар Османи сподели статус кој се однесува на екс министерот за економија Крешник Бектеши кој се најде во притвор за дејствија поврзани со лиценцата на опожарениот клуб Пулс во Кочани.



Молчиме затоа што очекуваме институциите да си ја завршат работатата, пишува Валбона Османи која порачува дека нема да биде дозволено некој да се скрие зад невините.

Од неа споделениот пост оригинално го објавува локалната канцеларија на ДУИ во Кичево.

Сопругата на Бујар Османи и ДУИ Кичево не прецизираат на кого се мисли кога зборува за тие што молчат и имаат трпение и кои се тие што треба да делуваат правилно и брзо затоа што трпението имало граница.

,,Молчиме затоа што ја чувствуваме болката на семејствата на загинатите во Кочани.
Молчиме затоа што очекуваме институциите да си ја завршат работата.
Но, немојте да мислите дека нашиот молк е слабост и ќе ви дозволиме да се скриете зад невините.
Затоа, делувајте правилно и брзо, дури и трпението има граница.
#со Крешник