Подобрена е здравствената состојба на еден повреден во пожарот во Кочани, кој се лекува во ВМА во Белград

„Кај еден пациент, повреден во пожарот во Кочани, кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград, има подобрување на здравствената состојба. Тој е префрлен од Интензивна нега во Клиниката за пластична хирургија.“ – јави дописникот на Македонската информативна агенција МИА од Белград.



Инаку, сите повредени во ужасната трагедија во Кочани се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во Република Македонија и во специјализираните медицински центри во странство. Од вкупно 178 повредени, како што информира вчера Министерството за здрaвство, во јавните здравствени установи во Македонија се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.