БНТ информира дека веста за смртта на службеникот на ОН кој е бугарски граѓанин е потврдена за медиумите и од извори од ОН.
Ројтерс објави дека според Министерството за здравство на енклавата, израелски воздушен напад врз седиштето на ОН во центарот на Газа убил странски државјанин, а раниле уште четворица.
Хорхе Мореира да Силва, извршен директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги, коментира: „Израел знаеше дека тоа е зграда на ОН, дека луѓето живеат, престојуваат и работат таму, тоа е комплекс. Тоа е многу добро познато место“.
Тој на прес-конференција во Брисел изјави дека тоа што се случи не е случајност. Според да Силва, зградата била погодена од експлозивна направа која била фрлена или испукана во просториите. „Она што се случува во Газа е бесмислено“, нагласи тој.
Израелската армија негира дека го нападнала комплексот на ОН.






