Министерот за здравство соопшти дека го разрешил директорот на кумановската болница, д-р Стефан Трајановски, по смртта на 32-годишен кумановец, пред две дена.
Одлуката на министерот следува по објавените информации во медиумите за случајот со 32-годишниот пациент, Ведат Адеми, кој починал откако му била администрирана венска терапија што содржела аналгин, иако имал алергија на оваа супстанца, што довело до анафилакса.
„Тука сме да одадеме сочувство за настанот што се случи завчера, го прочитав извештајот што го подготви Санитарниот инспекторат, а откако го прочитав извештајот веднаш го разрешив директорот на кумановската болница.
Ќе ги анализираме сите документи и ќе бидат доставени до обвинителството“, рече Таравари.
Министерот соопшти дека утре ќе изберат новиот директор на болницата во Куманово.






