Нови апсења за Кочани, паднаа повеќе началници и службеници инволвирани во криминал поврзан со ,,Пулс”

Денеска се приведени нови 7 полициски началници и службеници поради незаконската лиценца на „Пулс“ Кочани.



Приведени се поради поврзаност со незаконско издавање на лиценцата на кочанската дискотека во која се случи огромната трагедија во која загинаа 59 лица.

Приведените 7 полициски началници и службеници во моментов даваат изјави пред своите колеги во полициска станица по што се очекуваа да бидат изведени пред истражен судија.

Четири од приведените седум лица се началници, а три полициски службеници, тврдат полициски извори.