Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста, велат од Владата.
Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разно разни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително допринесуваат за вознемирување на јавноста.
Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочуствуваме со болката на најблиските, стои во соопштението.
Владата на вчерашната седница одлучи целосно да ги покрие трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство.
За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070 270 370.
Роднините на лицата коишто се лечат во странство можат да го контактираат Министерството за надворешни работи и лица кои можат да им помогнат да добијат информации во земјите во кои има на лекување повредени од трагедијата во Кочани.
Еве ги телефоните:
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:
075/273-732
075/268-736
Турција-Анкара
+90 5316579200
+90 5335725684
Турција -Истанбул
+90 542 810 99 78
+90 552 561 80 09
Грција -Атина
+30 6944190134
+30 6947736602
Грција-Солун
+30 694 525 8536
Бугарија
+359 876123768
+359 876112993
+359 889210005
Србија
+381 601382942





