Таравари денеска во Софија ќе ги посети повредените во пожарот од Кочани

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска Во периодот од 14 до 15 часот, по бугарско време, министерот за здравство Арбен Таравари, днеска ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани кои се префрлени на лекување во болницата „Пирогов“ во Софија, јави БГНЕС.

„Да бидеме внимателни и да им пружиме максимална медицинска помош. Она што зависи од нас е направено целосно. Се надевам дека и земјите кои се наши пријатели и сакаат да ни помогнат ќе дадат се од себе“, рече Таравари пренесува бугарската агенција.

Министерот Таравари денеска на социјалните мрежи сподели информација за пациентите распределени по здравствените установи низ земјата, и во странство



„Клинички центар – 52 пациенти
ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти
Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти
Клиника за токсикологија – 10 пациенти
Аџибадем Систина – 7 пациенти

Покрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

Литванија – 4 пациенти
Австрија – 2 пациенти
Словенија – 2 пациенти
Република Србија – 12 пациенти
Република Бугарија – 1 пациент

Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за понатамошен трансфер на пациенти.

Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија, формирани се мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства“ се веливо соопштението од Министерството за здравство.