Поранешниот министер Бектеши се’ уште во полициска станица

Тој вчера беше повикан на информативен разговор во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани.



Додека Крешник Бектеши бил министер за економија, тогашната државна секретарка на Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, потпишала фалсификувана лиценца за работа за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.

 

Екс-министерот за економија Крешник Бектеши на распит во полиција