Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ изрази сочувство за жртвите кои настрадаа во пожарот во Кочани.
Тој на Инстаграм стори го постираше македонското знаме и црна лента врз него. Во пожарот загинаа 59 луѓе, а има и голем број повредени. Српската влада со едноминутно молчење им оддаде почит на загинатите, а во вторник кај нив ќе биде Ден на жалост.






