Пејачот Андреј Ѓоргиески од групата ДНК загина во пожарот во Кочани, дознава „360 степени“ од болнички извори. Штипската телевизија ТВ Стар објави дека загинал и Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК.
Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот, објави А1.он. Тој, според информациите на медиумот, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот. Информацијата не е официјално потврдена.

Како што претходно објавивме, во пожарот загина и танарот на ДНК, Горги Горгиевски од
Струмица, но за жал и Сара Пројковска, придружен вокал на групата.





