Музичарот Горги Горгиев загина во страшниот пожар во Кочани.
„Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции“, напиша на својот Фејсбук профил Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица.

Во пожарот загинаа 59 луѓе. Повеќе држави изразија сочувство за трагедијата.





