Поради трагедијата во Кочани, Ракометната федерација на Македонија се обрати до Европската ракометна федерација (ЕХФ) со барање за одложување на натпреварот со Словенија од квалификациите за Европското првенство, закажан за денеска од 18:30 часот во Копер, но не доби.



„Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот помеѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше одобрено.

Натпреварот ќе започне со минута молк“, соопшти РФМ.