Десетици загинати и повредени во пожар во дискотеката “Пулс“ во Кочани

Во пожарот што избувна ноќеска во познатата дискотеката  загинале 30 а над 100 млади луѓе се повредени.



Ова се првичните информации на на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Синоќа се запали дискотека во Кочани и според проценки на екипите за спасување загинати се над 30 лица.

До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства.

Во болницата во Кочани и во Скопје се примени десетици повредени лица.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово изјави дека во моментов заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност се во Кочани, се работи на собирање на информации по што ќе дадат официјална информација.

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од ОЈО Кочани се на терен откако ноќеска во кочанската дискотека Пулс изби пожар. Според информациите што „Слободен печат“ ги доби од директорката на болницата во Кочани, повредени се 90 лица а десетици изгореле во пожарот.

„Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, информираат од ОЈО.

https://www.facebook.com/share/v/15gLSaYmQn/?mibextid=oFDknk