Наместо да ги прими трите земји Македонија, Србија и Црна Гора Европа и дава приоритет на Украина што е опасно и затоа ние нема да се согласиме со тоа, вели премиерот на Унгарија Виктор Орбан во интервју.
Орбан смета дека недозволување на влезот на трите земји во ЕУ е опасен процес кој тој нема да го прифати.
,,Србија, Црна Гора и Македонија утре би можеле да се приклучат на ЕУ, што ќе донесе огромни економски придобивки за сите страни. Брисел ги игнорира, наместо тоа и дава приоритет на Украина. Ова не само што е непромислено, туку и опасно. Ние не го прифаќаме тоа”, вели Орбан во интервјуто.
Делот од интервјуто на оваа тема кој го објавува самиот Орбан на овој линк
https://x.com/PM_ViktorOrban/status/1900512566004084879?t=lxsNdC3K_wKufzDvi_opwA&s=19






