Не било случајно што Заев за Бугарија ангажирал двајца корумпирани политичари, тврди екс министерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини.
Не било случајно ниту тоа што високи бугарски функционери јавно ги фалеле Бијат Османи и Владо Бучковски.
,,Не случајно Заев за договорот со Бугарија ангажира двајца корумпирани, како Бујар “пациентот” и за корупција правосилно осудениот Бучко со “одмерени погледи за разврска на јазолот”, за што ги фалеа и Андреј Ковачев и Каракачанов”, смета Хајредини.
Заев, Османи и Бучковски учествуваа или го поддржаа Францускиот предлог со кој Македонија влезе во најголема криза на патот кон ЕУ откако владата на ДУИ и СДСМ се согласи со промена на уставот кој не можеше да го смени.
Бујар Османи беше дел од истрагата за предметот Пациент кој мистериозно исчезна од агендата на екс СЈО кога ДУИ влезе во власта со СДСМ.
Бучковски кој беше специјален пратеник на владата на Заев и Ковачевски за Бугарија беше осуден за предметот Тенковски делови но никогаш не отиде во затвор откако со Минчо Јорданов и Љупчо Зиков ја направи партијата Алијанса за позитивна Македонија која го критикуваше Бранко Црвенковски и кокетираше со ВМРО-ДПМНЕ.






