Венс: Бајден си го преспа мандатот, државата ја водеше жена му

Поранешниот американски претседател Џо Бајден го преспал својот мандат, а администрацијата ја водела неговата сопруга Џил, сугерира актуелниот потпретседател на САД, Џеј Ди Венс, во интервју за телевизијата Фокс њуз.



„Нема да имаме администрација во која претседателот седи на владини состаноци и спие додека неговата сопруга ги води, а никој ништо не прави“, рече Венс.

Последица на таквото управување беше „катастрофалната“ економска ситуација, додаде заменикот на Доналд Трамп, нагласувајќи дека трговскиот дефицит на САД достигнува трилион долари.