Илија Несторовски е еден од најзаслужните за победата на Славен Белупо од 3:0 кај Горица во 26. коло од Хрватската фудбалска лига (ХНЛ) со по еден гол и асистенција за оценка 8, втора најдобра во победничкиот тим.
Поранешниот репрезентативец на Македонија со 10 гола на 51 натпревар прво асистираше за водечкиот гол на Томислав Божиќ во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме, за во 81. минута да стави точка на резултатот.
За 35-годишниот центарфор на тимот од Копривница ова се петти погодок и втора асистенција во 15. првенствен настап сезонава, со кои директно придонесе Славен Белупо да се искачи на четвртото место на табелата.






