По вчерашните детали од судењето за убиството на младата Вања и велешанецот Панче кој ги изнесе Велибор Манев, еден од обвинетите, социјалните мрежи буквално „зовреа“.
Манев детално опиша како била убиена Ѓорчевска и рече дека мислеле дека треба да киднапираат жена на возраст од околу 40 години, но наместо тоа по грешка ја киднапирале Вања.
Тој исто така посочи дека Палчо преку перниче испукал куршум во нејзината глава, по што им наредил на соучесниците да ископаат дупка и да ја закопаат.
Тој исто така сведочеше дека велешанецот Панче Жежовски бил увиен како „колатерална“ жртва при кражба на неговото возило кое послужило во грабнувањето на Вања.
Јавноста е згрозена од монстуозноста со кој бил изведен чинот од страна на Палчо и неговата екипа, објави порталот СкопјеИнфо кој пренесе дел од реакциите на социјалните мрежи.






