Македонија ќе преземе мерки во случај на евентулен зголемен притисок од бегалци на границите по последните случувањаво Сирија, изјави денес министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Она што се случува денеска уште од раните утрински часови во Сирија покажува колку е кревка безбедносната ситуација во светот и колку за жал темите од типот на мир и безбедност повторно стануваат главни теми. Тоа ни покажува и нам како мала држава колку ние важно да бидеме дел од системи за колективна безбедност“, рече министерката на денешниот брифинг со премиерот Зоран Заев и визцепремиерот за евро-интеграции, Бујар Османи со новинарите.
Шекеринска рече дека се прават подготовки и дека ќе следуваат консултации со Министерството за внатрешни работи и со сите други институции околу можно зголемувања на притисокот од мигранти на границата, пренесе МКД.мк.
„Но, дури и без нападот во Сирија јасно е дека притисокот врз границата постои“ – рече министерката.
„Не е така видлив како во 2015 година, но фактот дека пред некое време имавме околу стотина мигранти кои нелегално се обидуваат да ја поминат границата и за среќа без фатени покажува дека Македонија и регионот, практично треба да се навикнат дека ова ќе трае и дека мора да имаме систем кој ќе биде постојано активен, а не по потреба“, рече Шекеринска.




