Покрај мазутот канцерогени се тие што решиле трујачите да си оди во својата хациенда место во притвор, смета актерот Владо Јовановски кој не може да разбере како Асмир Јахоски кој е осомничен дека вршел масовно труење додека учествувал во бизнис од 170 милиони евра не доби отиде во ,,Шутка”.
Според него не се само обвинетите за еколошки геноцид канцерогени туку такви се и тие во обвинителството и судството кои дозволија Јахоски да се брани од дома и со тоа да влијае на сведоци или да избега.
,,Не бил канцероген само мазутот, со чие согорување се вршело масовно труење и геноцид на цел еден народ, без разлика на неговата етничка расна и верска припадност.
Канцерогена е одлуката и канцерогени се тие или тој што ја донел таа одлука, трујачот да оди во својата хациенда, демек во куќен притвор, а не во ефективен.
Мртви души се тие, без разлика дали носат обвинителски или судски тоги.
Тие се адвокати на ѓаволот.
А тие кои не реагираат на овие одлуки, нај благо кажано се мазохисти.
Каде се медиумите, каде е јавноста, каде се протестите, каде се иницијативи за колективни тужби против злосторниците???”, пишува Јовановски кој беше во притвор за 27 Април иако немаше никакви докази за било каков негов криминал.
Обвинителството кое го води човекот над чија глава седеше братот на Али Ахмети се согласи Асмир Јахоски да не оди во Шутка. Иако станува збор за сомжени за криминал со мазут од речиси 170 милиони евра, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција решило да се согласи, да го промени своето барање и наместо во затворски, да предложи куќен притвор за сопственикот на Пуцко Петрол.
Она што фрла сомнежи дека политиката вмешала прсти во ваквото сценарио е што прв обвинител за гонење организиран кримнал е Ислам Абази од Мала Речица, сосед на лидерот на ДУИ, партија од која пратеник е Исмаил Јахоски, таткото на Асмир.






