Македонски работници бараат најмалку 1.300 евра за сезонска работа во Хрватска

Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува значителен пораст. Зголемената побарувачка за персонал во угостителството и туризмот придонесе за раст на платите, при што сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра месечно, објави Денар. Работодавците се принудени да нудат подобри услови, вклучувајќи сместување и дополнителни бенефиции.



Македонските работници имаат одлична репутација, а многу од нив се враќаат кај истите работодавачи. Очекувањата се дека трендот на зголемен интерес за сезонска работа ќе продолжи и оваа година. Работодавачите во приморските региони сè повеќе се потпираат на странска работна сила, бидејќи локалното население покажува сè помал интерес за сезонски ангажмани.

  • Минатото лето работев како келнер во еден ресторан во Сплит, со плата од 1.100 евра плус бакшиш. Оваа година веќе имам понуда од 1.400 евра и сместување. Хрватска ни дава можност да заработиме повеќе за неколку месеци, а трошоците за живот се прифатливи ако се вклучени храна и сместување“, вели Владимир Спасески, кој веќе неколку сезони работи во Хрватска.

Работниците бараат повисоки примања

Со оглед на зголемените животни трошоци и високата побарувачка за работници, сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра. Ова значи дека работодавачите мора да понудат поконкурентни пакети, вклучувајќи подобро сместување и дополнителни бенефиции.

  • Ако пред неколку години беше нормално да се работи за 900-1.000 евра, сега тоа повеќе не е случај. Работодавците сфатија дека ако не ги зголемат платите, ќе имаат сериозни проблеми да најдат работници“, објаснува Марко Јуришиќ, менаџер на хотел во Дубровник. Повеќе на порталот Денар.мк.