„ДУИ ги повикува младите Албанци да станат дел од нејзината Политичка школа на измама. Што можат да научат младите од пропаднатите политичари, кои за повеќе од дваесет години на власт не направија или спроведоа ништо добро, умно, или потребно за албанските граѓани? Политичката школа на ДУИ ќе биде школа на лаги, манипулации, уцени и политички интриги. Таа ќе биде и форум за издигнување на политичките лидери на оваа партија на највисок можен пиедестал и за спуштање на граѓаните на најнизок општествен пиедестал. Затоа, младите Албанци мора едногласно ѝ да кажат НЕ на оваа понуда на ДУИ, партијата, која води постојано аматерска, дилетантска и тенденциозна политика на штета на Албанците.“ – нагласува Ејуп Бериша, политиколог и новинар во Албанската редакција во Македонската радио и телевизија, во својата колумна со наслов „Млади, кажете ѝ го на ДУИ најдобриот одговор што го знаете, кажете ѝ дека никогаш нема да дојдете во нејзината политичка школа“.
Во колумната, која ја објавија весникот „Бота сот“ од Косово и други медиуми на албански јазик во Македонија и регионот, Бериша пишува: ДУИ ги повикува младите Албанци да станат дел од нејзината Политичка школа на измама. Овие луѓе мора едногласно ѝ да кажат НЕ на оваа понуда. Претставниците на младите генерации мора да бидат помудри, посвесни, подалекувидни и поинтелигентни од постарите генерации и да не прифаќаат несериозни понуди од несериозна политичка партија. Албанската младина треба да знае дека во политичката школа, што ќе ја иницира ДУИ, нема да научат ништо добро, правилно или напредно за политиката и нејзиното опкружување.
Што можат да научат младите од пропаднатите политичари, кои за повеќе од дваесет години на власт не направија или спроведоа ништо добро, умно, или потребно за албанските граѓани? Политичката школа на ДУИ ќе биде школа на празни зборови и преголеми и неисполнети ветувања. Имајќи ги предвид овие работи, тоа ќе биде и место на лаги, манипулации, уцени и политички интриги. Школата на ДУИ ќе биде форум за издигнување на политичките лидери на оваа партија на највисок можен пиедестал и за спуштање на граѓаните на најнизок општествен пиедестал. Младите ќе научат таму како да се обезвреднуваат, како да се понижуваат и како да се отстранат граѓаните од сите најважни политички прашања.
Политичката школа на ДУИ ќе биде школа за добивање гласови од граѓаните, пред се, за спроведување на личните агенди на лидерите на оваа партија, а не за спроведување на агенди, кои се од корист за граѓаните-Албанци. Во тоа училиште младите девојки и момчиња Албанци ќе учат како сè во политиката мора да се постигне во тајност, како да се донесуваат најважните политички одлуки зад сцената, далеку од јавното мислење и без воопшто да се прашуваат, или да се консултираат албанските граѓани. Не им е непозната таквата практика на политичките елити, каде што е и ДУИ, за сето време да ги донесува најважните одлуки на политичката сцена на штета на албанските граѓани.
Младината мора да сфати дека челниците на ДУИ се специјализирани за овие неприфатливи и назадни активности. Младите не треба да бидат против училиштата, против образованието, против воспитувањето и против учењето нови знаења, туку треба да бидат против политичките школи, кои се отвораат со стремежи на измама и манипулација, како што ќе биде школата на ДУИ.
Училиштата надвор од контролата на политичките партии треба да ги учат младите за политиката и нејзините последици, но не смеат да бидат основани и финансирани од политички партии, барем не од оние партии, кои постојано водат аматерска, дилетантска и тенденциозна политика на штета на Албанците. Сите млади Албанци треба да бидат против политичките школи, кои не нудат, или не обезбедуваат ништо добро, или напредно не само на нив како млади поодделно, туку и на сите граѓани во целина. Политички школи имаат право да иницираат само политички партии, чии лидери се во служба на добриот и општиот интерес на граѓаните и кои се залагаат за негово остварување, а не партии, кои размислувале, размислуваат и ќе размислуваат и дејствуваат за доброто и посебниот интерес на политичките лидери, како што беше и е случај со ДУИ. Млади, кажете ѝ го на ДУИ најдобриот одговор што го знаете, кажете и дека никогаш нема да дојдете во нејзината политичка школа





