Америка заедно со Франција и Велика Британија ноќва започнаа воена воздушна операција против Сирија.
Претседателот Трамп само што објави дека авио нападите имаат за цел уништување на сириски хемиски постројки а по неколку минути во Дамаск сведоци слушнале силни експлозии.

Вашингтон, Париз и Лондон се одмаздуваат за хемискиот напад во Сирија од саботата кој според нив го извршиле силите лојални на претседателот Асад.
Во ТВ обраќање Трамп рече дека нападот се состои од прецизни напади на цели поврзани со локации за производство на хемиско оружје.
Во исто време и британската премиерка Тереза Меј објави дека војската на кралството напаѓа цели во Сирија.
Предходно американскиот секретар за одбрана Матис изрази загриженост дека авио нападите можат да доведат до ескалација без контрола.
Во Сирија свои воени бази имаат Иран и Русија која најави дека ќе одговори на евентуални напади од страна на западните сојузници.





