Дарио Ивановски балкански вицешампион во полумаратон

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои сребрениот медал на Балканското првенство во полумаратон во Атина со време 1:05,19 часа, заостанувајќи 30 секунди зад победникот Драгош Лука Поп од Романија, а трет заврши Гркот Николаос Стамулис со заостанување од 45 секунди во однос на Романецот.



За Ивановски, кој беше во водство на половина од 13. полумаратон во главниот град на Грција, ова е 11. медал на балканијадите во различни дисциплини.