Актерот Владо Јовановски му се придружи на хорот критичари на поранешниот претседател Стево Пендаровски, кој во интервју за Сител го нарече Доналд Трамп „трансакциски претседател“ и ја критикуваше блискоста на власта со администрацијата и со најблиските соработници на американскиот претседател.
„Иритираш бе Стево! Иритираш…!
Со твоето јавление, иритираш и нè потсетуваш на времето заевистичко, на времето шизофрено. Политичка шизофренија!
Затоа, подобро уживај си ги привилегиите и не јавувај се во јавност, оти сите знаеме какви штети направивте во вашето владение“, порача на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.






