Блерим Беџети не знае каде е Артан Груби

Запрашан кој е неговиот личен став за Артан Груби, поранешниот прв-вицепремиер, кој избега пред три месеци, Блерим Беџети од ДУИ вели дека секој што згрешил пред законот треба да одговара.



„Не е само личен став, туку и партиски став е, секој што згрешил пред законот треба да одговара пред органите. Но, имајќи предвид дека дотичниот господин не е веќе дел од структурите и партијата, тоа веќе е негово лично“, изјави Беџети во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Запрашан дали контактирал со Груби и дали знае каде се наоѓа, Беџети вели:

„Не.

Не сум имал комуникација, ни претходно, ни после случајот, реално тоа треба да го знаат надлежните органи“.