Цветните пазари и продавниците преполни за 8 март

Меѓународниот ден посветен на жената ги наполни цветните пазари продавниците и трговските центи низ Скопје. Растрчани граѓани денска купуваа цвеќе и други подародци за своите мајки, сестри, баби, сопруги, девојки и пријателки, пренесува ТВ Алфа.



На денот кога светот ја одбележува борбата на жените за економска политичка и социјална рамноправност, мажите велат велат дека правата на жените се далеку поголеми од тоа што ги имале во минатото.

И најголем дел од жените се согласни дека 150-годишната борба за рамнораваност низ годините покажала резултати, но, за ова прашње клучно е да се разговара секојдневно, а не само за 8 март. Потсетуваат и дека цветот како симбол за љубовта треба жената да го добива секојдневно.

Меѓународниот ден на жената, кој се слави секоја година на 8 март, има долга и значајна историја. Почетоците на овој ден датираат од 1910 година, кога на Втората конференција на жените социјалисти во Копенхаген го прогласија 8-ми март за Ден на жената. Денот беше инициран од германската револуционерка Клара Цеткин и има за цел да ја одбележи борбата на жените за еднакви права и подобри услови за живот.

Извор: https://alfa.mk/czvetnite-pazari-i-prodavniczite-prepolni-za-8-mart-na-zhenata-treba-da-%d1%9d-se-posvetuva-vnimanie-365-dena-vo-godinata/ Фото: Принскрин